МАН: Ова е најтежок вооружен напад врз новинари

Македонската асоцијација на новинари(МАН) e згрозена од терористичкиот напад на сатиричниот неделник Шарли Ебдо и убиството на десетте новинари од редакцијата и двајца полицајци.

МАН истакнува дека е ова најтежок вооружен напад врз новинари и целата редакција.

МАН потсетува дека секој мора доследно да ја почитува слободата на изразување во која спаѓа и уметничкото изразување.