МАН: Поради фабрикувањето афери медиумите на СОРОС немаат забележителен рејтинг ниту углед кај јавноста

Очигледно е, со години, дека постои пресија и манипулација со новинарите од страна на фондацијата Сорос, вели претседателката на МАН Слаѓана Димишкова коментирајќи ги последните настани поврзани со текстовите на новинарот на „Фокус“ кои беа наградени од МИМ и од ЕУ, а кои се однесуваа на фабрикуваната афера за лажни пасоши.

Тие со свои фондови создаваат медиуми со јасна политичка и партиска определба, ги плаќаат и дополнително наградуваат од истите фондови, им обезбедуваат заштита и афирмација пред дипломатите и некои меѓународни организации, а за возврат бараат од тие медиуми и новинари да фабрикуваат афери за потреби на нивната политичка опција, па потоа некои од нив, како во случајов со „Фокус“, добиваат и награди за фабрикуваните афери за дополнителна афирмација и потенцирање на аферите, вели Димишкова.

Претседателката на МАН нагласува дека тоа е долгогодишен механизам на фондацијата кој го кимпромитира и партизира новинарството, а откривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ и случајот Чауш е само нов доказ за оваа констатација.

Тоа е и главната причина зошто медиумите и новинарите од кампот на фондацијата Сорос немаат забележителен углед и рејтинг во јавноста. Но, тоа е проблем и за ЗНМ кој ги прибира и поддржува ваквите субјекти, а помалку проблем за МАН чии членови не се дел од тој клиентилистички механизам за манипулација со новинарите, заклучува Димишкова.