МАН предлага Кодекс за изборно однесување

МАН: Ги поддржуваме предлозите на ММА
МАН: Ги поддржуваме предлозите на ММА
Македонската асоцијација на новинари (МАН), согласно преговорите за надминување на политичката криза и Договорот од Пржино, како активен учесник во преговорите за медиумските реформи до медиумите достави предлог Кодексот за изборно однесување, кој се однесува на учесниците во изборите, нивните права и обврски, како и за медиумите и медиумските работници и нивните права и обврски.

 Кодексот на однесување за време на изборите е пракса која се применува во сите земји од ЕУ, а овие фундаментални насоки се искористени во подготовката на Македонскиот кодекс. МАН очекува овој Кодекс на изборно однесување да ја добие поддршката од сите учесници во изборниот процес, сите медиуми и странските дипломатски преставништва во Република Македонија, како и останатите новинарски, синдикални новинарски здруженија и Советот за етика, се наведува во соопштението од МАН.