МАН: Само во 2016 година активисти на СДСМ и Сорос физички нападнале над 10 новинари

Во Македонија слободата на новинарите е гарантирана и обезбедена со законите, а ограничувана во праксата велат од МАН по повод Светскиот ден за слободата на медиумите.

МАН понатаму наведува дека ограничувањата се определени од партиските интереси и насилство кои не се санкционирани.

Само во 2016 година партијата СДСМ, преку нивни активисти и припадници на невладините организации на Сорос фондацијата извршиле повеќе од десет физички напади врз новинари и упади/кршења на редакции, а ниту еден од тие случаи не е ниту во судска постапка, ниту е санкциониран. За потреби на една политичка опција легитимирана во СДСМ и фондацијата на Сорос во Македонија преку нивни медиуми и портали перманентно се врши заплашување, притисок, закани и навредување на новинари и редакции кои не се под нивна контрола. За ова нема реакции ниту од дипломатските претставништва на САД и ЕУ во Македонија, ниту од меѓународните професионални организации по што нападнатите новинари и редакции се препуштени сами на себе, се вели во соопштението.

Од МАН потенцираат дека селективното финансирање новинари и медиуми со пари од странски извори и тоа без исклучок блиски до политиката на СДСМ го урива медиумскиот пазар и рамноправноста на новинарите и медиумите.

Во такви услови мнозинството новинари работат во амбиент кој е далеку од професионален, пазарен и слободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.