МАН: СДСМ да престане да попречува новинари во работата

МАН бара „Телма“ да ја преиспита одлуката за отпуштањето новинари
МАН бара „Телма“ да ја преиспита одлуката за отпуштањето новинари
Македонската Асоцијација на Новинари најстро го осудува вчерашниот инцидент во штабот на партијата СДСМ во кој беше нападната новинарската екипа на Република.

-Неприфатливо е новинари да бидат нападнати за време на легитимна истражувачка работа од страна на лица поврзани со политичка партија. Сметаме дека случајот е особено тежок доколку се има предвид моменталната институционална позиционираноста на Генералниот Секретар на СДСМ во Министерството за Внатрешни Работи, кое е надлежно да реагира во вакви случаи на попречување на новинарите во вршењето на нивната работа. Дополнителна тежина на случајот фрла и тоа што не се работи за прв случај лица поврзани со СДСМ да нападнат новинари, како и изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека дел од медиумите ги смета за свои “непријатели”. Бараме од надлежните институции да го истражат инцидентот, а од партијата СДСМ да се извини, да се огради од извршителите и да престане со попречувањето на работата на новинарите, стои во вчерашното соопштение на МАН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.