МАН: СДСМ сака да добие право да гаси и пали телевизии и радија, да затвора, да казнува

Преку влијанието во Агенцијата за медиуми, преку дискреционите права на директорот кои сакаат да бидат усвоени, СДСМ сакаат директорот да бидат главен и одговорен уредник. Ако го добие тоа, добива можност да прави што сака, да гаси и пали телевизии и радија, да гаси весници, да затвора, да казнува. Дискреционо право, тоа е голема моќ.

Македонската Асоцијација на Новинари (МАН) упати повик до другите здруженија на новинарите, како што е ЗНМ, за соработка во овој период кога единственото преостанато прашање во пресрет на изборите на 24 април се барањата на регулирање на медиумите.

МАН предупредува дека предлогот на Питер Ванхојте, зад кој застана партијата СДСМ, а го прифати и здружението ЗНМ, во себе содржи одредби кои ќе водат до нови и многу поопасни форми на влијание врз медиумите.

Предлозите на ММА за петте национални телевизии се идентични со предлозите на МАН за реформите на законот за аудио и аудио визуелни меидуми за кој сега се дебатира дека треба да биде сменет или да се донесе нов. Преку влијанието во Агенцијата за медиуми, преку дискреционите права на директорот кои сакаат да бидат усвоени, СДСМ сакаат директорот да бидат главен и одговорен уредник. Ако го добие тоа, добива можност да прави што сака, да гаси и пали телевизии и радија, да гаси весници, да затвора, да казнува. Дискреционо право, тоа е голема моќ. Посредникот Ванхојте доаѓа од Европска Унија, а го гази законот за Аудио и аудиовизуелни медиуми кој е со европско знаменце. Ние веќе имаме закон со европско знаменце, а посредникот Ванхојте сака да се донесе политички закон, изјави Ивона Талевска, претседавач на Извршниот одбор на МАН, за Радио Слободна Македонија.

Оригиналниот предлог на СДСМ за превземање на Агенцијата за медиуми од страна на опозицијата, односно СДСМ, при што партијата ќе има можност самостојно да носи одлуки за казнување и затворање на медиумите беа преточени во предлогот на Ванхојте, кој смета дека Агенцијата треба да биде составена од претставници на невладини организации, за кои постојат оправдани стравувања дека ќе се координираат со СДСМ во номинирањето кандидати и натамошната работа на Агенцијата.

МАН го отфрли овој предлог, и место измени на законот за Аудио и аудиовизуелни медиуми, предлага здруженијата на новинари да соработуваат околу воспоставување и почитување на кодекс за однесување во периодот на изборите. МАН веќе изготви таков кодекс, за чие спроведување предлага да се грижат претставниците на институциите кои ќе вршат набљудување на изборите – пред се мисијата на Европската Унија во Македонија и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Разговаравме со сите амбасади на оваа тема и имамте стопроцентна поддршка. СТранските амбасади беа чекор по чекор со нас во текот на целиот процес, при што ги користевме европските искуства и искуствата на Европската асоцијација на новинари. Освен Ванхојте и СДСМ, сите останати амбасади дадоа позитивна оценка, и за самиот кодекс, и за неговата содржина, и за начинот на кој што треба да влијае на регулирање и саморегулација на медиумските чинители. Ова е најдоброто што може да се направи во оваа ситуација, и со најдобри намери, да донесеме на пример, европски, белгиски, австриски закон. Ако во овој момент политичките чинители се договорат, додека тој да стапи на сила, изборите ќе поминат. Физички не можеме да донесеме закон во ова време, времето беше изгубено на политички пазарења во Пржино. Кодексот може да го затвори ова прашање, тој ги обединува сите законски регулативи на едно место, ги повикува меѓународните претставници да го набљудуваат балансираното известување, а учесниците во изборите, заедно со медиумите, да се придржуваат до тие закони. Со ставањето потпис на овој кодекс, тој станува облигаторен за сите, вели Талевска.