Манасков: Хрватска не е таа истата од пред 5-6 години

Манасков: Хрватска не е таа истата од пред 5-6 години
Манасков: Хрватска не е таа истата од пред 5-6 години
По трите одиграни натпревари од групата А, Македонија со едно реми и два пораза успеа да избори пласман во следната фаза. Најдобриот поединец од дуелот со Србија и стрелец на решавачкиот гол Дејан Манасков изјави:

Дуелот со Србија заврши со бод во наша полза. Успеавме да се пласираме во втор крург, но мора брзо да го заборавиме има сега други натпревари. Да пробаме да победиме еден голем противник откако ја испуштивме Полска. Мислам дека имаме шанси да се надигруваме, бидејќи не е тоа таа Хрватска од пред 5-6 години имаат смена на генерации и не се така добро воиграни.