Манасков, носи ме на романтична вечера

Манекената Сара Таневска сака да го прослави Денот на вљубените, Свети Валентин, на романтична вечера со ракометарот од „Металург“, Дејан Манасков, пишува „Вест“.

Иако подолг период се обидувала да стапи во контакт со него, не успеала да му се приближи, па затоа решила јавно, преку „Вест“, да му каже дека многу и’ се допаѓа.

„Откако го забелжав Дејан, не пропуштам ракометен натпревар на неговиот клуб. Многу ме израдува и тоа што дознав дека е слободен, нема девојка, па не гледам никаква пречка на патот за наше запознавање и зближување, секако ако и јас нему му се допаднам. Идеална можност за тоа ми се виде празникот Свети Валентин, па еве, јавно сакам да го прашам дали е исто толку добар во кујната како што е на теренот и дали би сакал да ми приготви романтична вечера. Се надевам дека нема да ме одбие, а ако не знае да готви, не би ми пречело да ме одводе во некој ресторан“, изјавила скопјанката за „Вест“, која што е дел од модниот свет околу три години, како членка на модното студио „Црнокрак“.