Манастирот „Св. Јован Претеча“ слави 1.000 години

Манастирот „Св. Јован Претеча“ во демихисарското село Слепче со големо милениумско чествување ќе облежи илјада години од своето постоење.

Овој манастир датира од 7 век, но со чествувањето се прави спој на неговото постоење со смртта на Цар Самуил и со селото Слепче кое опстојувало од порано и е поврзано со трагичната одисеја на ослепените 14.000 војници во битката кај Беласица во 1014 година.

Чествувањето е дел од Демирхисарското културно лето, што се одржува првпат и ќе трае три месеци, а чиј уметнички координатор е актерот Игор Џамбазов, кој живее во Слепче.

На Културното лето ќе гостуваат театри, ќе се организираат ликовни колонии и проекции на филмови.

Дел од програмата ќе биде и Петровденска поетска беседа на гробот на македонскиот писател Петре М.Андреевски во неговото родно село Слоештица.