Манастирот „Свети Јован Крстител“ го одбележува патронот

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, денес го слави Отсекувањето на главата на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Во текот празничната вечерна богослужба отслужена во свештената Бигорска обител тројца членови од свештеното братство беа причислани кон ангелскиот монашки ред пренесува МИА.

Свечениот чин на монашкиот потстриг на новите отци Козма, Михаил и Методи го изврши митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.

Денеска беше одржана утрената богослужба, а претпладнево се одржува божествената архијерејска литургија, со која чиноначалствува митрополитот Тимотеј.

Како по традиција ова наше древно светилиште синоќа и денеска е преполно со верници, но и други гости од сите делови на нашата држава. Без оглед од каде се за сите нив ова е место исполнето со спокој, мир и љубов. Радоста е голема и поради неговата обнова по опожарувањето пред пет години, како и фактот што од година во година бројот на верниците и гостите кои го посетуваат манастирот е се поголем