Манчески: Електронскиот регистар не е замена за пописот

Електронскиот регистар  на население нема да го замени пописот, тврди министерот за информатичко општество и администација Дамјан Манчевски. Тој истакна декаРегистарот ќе функционира на начин со вкрстување податоци од различни институции. Целта е, нудење на електронски услуги на граѓаните, односно побрзи и поефикасни  услуги од администрацијата.

„Го решаваме проблемот со различните бази на податоци во различните институции. Она што досега беше проблем, еве и за избирачкиот список, сега ги решаваме сите тие проблеми со ваквиот регистар. Во законот предлагаме вклучување и на комерцијални субјекти да може под одредени услови да се поврзат со регистарот и на граѓаните да им нудат услуги.“ – изјави Дамјан Манчевски-министер за информатичко општество и администрација.

 

Во предлог-законот се предвидуваат 17 податоци што ќе се собираат од различни институции, односно ќе се формира своевиден електронски идентитет на граѓаните во формат што ќе може да го користи целата администрација. Регистарот треба да  биде сместен во старата зграда на Комерцијална банка. За Техничкиот дел и софтверот се предвидени 500.000 евра од ЕУ и 200.000 евра од државниот буџет.