Манчестер Јунајтед доаѓа во Скопје

Славниот Манчестер Јунајтед во август доаѓа во Скопје. Ваков е епилогот по вечерашниот финален меч во Лига Европа, откако Јунајтед со 2:0 славеше над Ајакс и си обезбеди пласман во европскиот Супер Куп.

Едно е сигурно, на 8-ми август во Скопје ќе бидеме сведоци на вистински спектакл и судир на еврипските фудбалски великани. Без разликa дали противник на Јунајтед ќе биде Реал Mадрид или пак Јувентус, сите очи ќе бидат вперени во Скопје и националната Арена „Филип Втори“.

Англискиот гигант е прв кој обезбеди виза за Скопје. Покрај „ѓаволите“, во Скопје со сигурност доаѓа уште еден европски великан, а дали тоа ќе биде кралскиот Реал Мадрид или италијанскиот гигант Јувентус, останува да видеме на 3-ти јуни, кога во Кардиф „Старата дама“ ќе се судри со „кралевите“.

Дека Манчестер Јунајтед силно веруваше дека ќе ја освои Лигата на Европа покажува и информацијата која се појави неодамна, а според која Англиачните веќе донеле одлука да го „закупат” хотелот „Александар Палас” неколку денови пред денот на одигрувањето.

Момците на Жозе Мурињо, како што и доликува, ќе имаат огромно обезбедување, а ќе си ги донесат и сопствените готвачи кои што ќе имаат помош од персоналот во хотелот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.