Манчестер Јунајтед го освои трофејот кој му недостигаше (ИСТОРИЈАТ и ФОТО)

Фудбалерите на англискиот гигант Манчестер Јунајтед се победници во Лигата на Европа, поранешниот Куп на УЕФА, откако во финалето крај шведската престолнина Стокхолм го совлада холандскиот претставник Ајакс со 2:0, со што го освои единствениот куп кој му недостигаше во клупските витрини, а исто така е едниот од противниците кои на 8 август ќе играат во Скопје за Суперкупот.

Головите за победата на манчестерските „Црвени ѓаволи“ беа Пол Погба во 18 и Хенрик Мхитарјан во 48 минута.

Манчестер суверено дојде до трофејот, пресудно беше многу поголемото искуство на англискиот гигант против младиот состав на Ајакс, инаку најмладата екипа во просек којашто кога и да е истрчала на теренот во историјата на европските финалиња. Иако Манчестер Јунајтед играше без повредените најдобри играчи.

Натпреварот започна многу претпазливо, а дури во 15 минута напаѓачот на Ајакс, Траоре се обиде со удар од десетина метри да го изненади голманот Ромеро, кој лесно одбрани. Тоа ја разбуди англиската екипа која веќе по три минути поведе со среќниот погодок на Пол Погба, чиј шут од десетина метри го погоди во петицата бекот на Ајакс, Санчез, и го измами голманот Онана. Во 24 минута Валенсија по солопродорот се закани, но голманот на Ајакс беше на место. Во преостанатите дваесетина минути Ајакс имаше голема доминација во поседот на топката, но не беше опасен по противничкиот гол.

Манчестер Јунајтед веднаш на почетокот од вториот дел го постигна вториот гол, на уфрлување од аголот највисоко скокна Смајлинг проследувајќи ја топката до Мкхтаријан, ко од пет метри свртен со грб кон голот покрај Велтман ја погоди мрежата. Во 65 минута Фелаини влезе во одлична шанса, но со глава од пет метри шутираше во голманот, а во 83 минута првпат се закани Ајакс, но ударот на Санчез од далечина отиде преку голот. Во 87 минута Линдгард излезе сам пред голот на Ајакс, но во последниот момент дозволи Санчез да му ја однесе топката.

Јунајтед влезе во големата петорка

Со оваа победа Манчестер Јунајтед избори и пласман во Лигата на шампионите следната сезона, и влезе во историјата како петтиот клуб кои ги освоил сите три европски купови. Јунајтед трипати ја освојуваше Кипот/Лигата на шампионите  во 1968, 1999 и 2008 година, а еднаш и во Купот на победниците на куповите во 1991 година, а во средата вечерта стасаа и до титулата во Европската лига. Другите четири клубови кои ги освојуваа трите европски пехари се и вечерашниот противник Ајакс, Јувентус, Баерн и уѓште еден англиски клуб – Челзи.

Во историјата се запиша и Жозе Мурињо, кој ги освојуваше европските трофеи со три различни клубови. Португалецот беше на клупата на неговиот Порто кога го освои Купот на УЕФА во 2003 година и Лигата на шампионите следната 2004 година, додека со италијански Интер ја освои Лигата на шампионите во 2010 година. Покрај тоа, Мирињо сега во европските финалиња има скор четири титули од четири настапи.

За Ајакс ова беше десетто финале во европските купови, првото по 1996 година, кога беа поразени од Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, и вкупно четврти пораз. „Копјаниците“ од Амстердам досега четири пати беа европски шампиони во 1971, 1972, 1973 и 1995 година, а по еднаш славеа и во Купот на куповите во 1987-та и во Купот на УЕФА во 1992 година.

Сите трофеи на Манчестер Јунајтед

Воедно ова беше дури 66-ти трофеј во пребогатата историја на Манчестер Јунајтед.

Клубот е основан во 1878 година. Од споменатата бројка вкупно трофеи, 29 пати бил шампион на Англија, и е повеќекратен освојувач на раните национални куп натпреварувања. Има осум меѓународни трофеи, и тоа европски првак трипати, и по еднаш во Лигата Европа и Купот на победниците на куповите, како и по една титула во европскиот Суперкуп, во Интерконтиненталниот куп и во Светското клупско првенство.

Екипата чини 469 милиони евра, во неа играат во моментов 18 репрезентативци на разни земји, а просечна возраст на играчите е 26,8 години.

Сите победници на Купот на УЕФА и Лигата на Европа

Куп на УЕФА

1971-1972 Тотенхем

1972-1973 Ливерпул

1973-1974 Феенорд

1974-1975 Борусија Менхенгладбах

1975-1976 Ливерпул

1976-1977 Јувентус

1977-1978 ПСВ Ајндховен

1978-1979 Борусија Менхенгладбах

1979-1980 Ајнтрахт Франкфурт

1980-1981 Ипсвич Таун

1981-1982 Гетеборг

1982-1983 Андерлехт

1983-1984 Тотенхем

1984-1985 Реал Мадрид

1985-1986 Реал Мадрид

1986-1987 Гетеборг

1987-1988 Баер Леверкузен

1988-1989 Наполи

1989-1990 Јувентус

1990-1991 Интер

1991-1992 Ајакс

1992-1993 Јувентус

1993-1994 Интер

1994-1995 Парма

1995-1996 Баерн Минхен

1996-1997 Шалке 04

1997-1998 Интер

1998-1999 Парма

1999-2000 Галатасарај

2000-01 Ливерпул

2001-02 Феенорд

2002-03 Порто

2003-04 Валенсија

2004-05 ЦСКА Москва

2005-06 Севиља

2006-07 Севиља

2007-08 Зенит Санкт Петербург

2008-09 Шахтјор Донецк

Европска лига

2009-10 Атлетико Мадрид

2010-11 Порто

2011-12 Атлетико Мадрид

2012-13 Челзи

2013-14 Севиља

2014-15 Севиља

2015-16 Севиља

2016-17 Манчестер Јунајтед

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.