Спорт

Манчестер Јунајтед извиси – Фирмино потпишува со Ливерпул

Манчестер Јунајтед извиси – Фирмино потпишува со Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул потврди дека успеале да го ангажираат бразилскиот репрезентативец Роберто Фирмино.

Иако неколку месеци наназад напаѓачот на Хофенхајм беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, сепак нивната неодлучност успеа да ја искористи Ливерпул и да го доведе во своите редови.

Сумата која “црвените” ќе ја исплатат за офанзивецот изнесува 29 милиони фунти, а договорот ќе биде потпишан веднаш по завршувањето на Копа Америка, каде Фирмино е дел бразилската репрезентација.

Трансферот на Фирмино ќе биде втор најголем во историјата на клубот по оној на Енди Керол кој во 2011 година од Њукасл се пресели во Ливерпул за сума од 35 милиони фунти.

Фирмино минатата сезона одигра 33 натпревари за Хофенхајм и постигна 7 гола, а имаше и 10 асистенции.