Манчестер јунајтед ќе го направи Давид де Геа најплатен фудбалер на клубот

манчестер

Иако одличниот шпански голман има договор со клубот до 2019 година, раководството на англискиот гигант размислува истиот да биде продолжен за уште некоја година, со што Де Геа ќе ја добие истата плата како капитенот, Вејн Руни. Моменталните неделни примања на Шпанецот се 200.000 фунти, а доколку се одлучи за нов договор тие ќе се зголемат за 100.000 фунти.

Со овој потег Манчестер Јунајтед на еден начин сака да го разлади евентуалниот нов интерес на Реал Мадрид за еден од најдобрите голмани на денешницата.