„Манчестер Јунајтед“ одбил 50 милиони евра и двајца играчи за Погба

Угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио соопшти дека Барселона понудила 50 милиони евра, но и правата на Јери Мина и Андреа Гомес во замена за Пол Погба, но управата на „Манчестер Јунајтед“ во старт ја одбила.

Сепак, менаџерот на Погба, контроверзниот Мино Рајола немал намера да отстапи и да го однесе Французинот во Барселона.

Жозе Мурињо, пак, нема намера да се откаже од Погба, иако не се во најдобри односи, а и Французинот игра променливо на „Олд Трафорд“. Во прилог на таквиот став е и незадоволството што клубот не се засили со играчи кои ги посакува Португалецот.

Погба во 2016 година се врати во „Јунајтед“ од „ЈУвентус“ во трансфер вреден 105 милиони евра и потпиша договор до летото 2021 година.
Интерес за Погба покажува и „Јувентус“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.