Манчестер Сити го договорил Пеп Гвардиола

Манчестер Сити го договорил Пеп Гвардиола
Манчестер Сити го договорил Пеп Гвардиола
Пеп Гвардиола ќе биде предводник на Манчестер Сити од наредната сезона, истакнува англискиот клуб.

Шпанецот претстојното лето ќе го презеде клубот на Мануел Пелегрини кому договорот му истекува на 30-ти јуни, а ќе потпише на три сезони.

Манчестер Сити во текот на три сезони под водство на Чилеанецот освои шампионски наслов и славеше во Лига купот.

Моментно се натпреварува за освојување на сите четири натпреварувања Лига купот, ФА купот, Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Гвардиола пристигнува од Баерн од Минхен со кого во ист период освои два наслова во Бундеслигата, германскиот Куп, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Претходно со Барселона два пати беше шампион на Европа со уште три наслови во Примера и девет фудбалски успеси во други натпреварувања.