Манчестер Сити со гостинска победа ја започна сезоната

Во последниот саботен двобој од првото коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити славеше со 2:0 на гостувањето кај Брајтон.

Иако на крајот резултатот покажува сигурна победа, манчестерските „граѓани“ со тешки маки стасаа до конечниот триумф против новиот премиерлигаш. Одбраната на Брајтон беше пробиена дури во 70 минута преку Серхио Агуеро, а во 75 минута бекот на домашните Луис Данкг трагикомично ја погоди сопствената мрежа за конечните 2:0.

Од фаворитите, така, во првото коло победија само Сити и Арсенал. Челзи неочекувано дома беше поразен од Барнли со 2:3, додека Ливерпул на домашен терен одигра 3:3 со Вотфорд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.