Манчестер Сити супериорен над Тотенхем во мечот од Меѓународниот куп на шампионите

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Тотенхем со 3:0 во натпреварот од турнирот на Меѓународниот куп на шампионите кои се игра во САД.

Головите за манчестерските „граѓани“ ги постигнаа Џон Стоунс во 10, Рахим Стерлинг во 73 и Браим Диаз во 90 минута.

Манчестер Сити ја постигна втората уверлива победа на турнирот во САД, откако пред два дена тимот на Хосеп Гвардиола го совлада европскиот и шпански првак мадридски Реал со 4:1.

Меѓународниот куп на шампионите се одржува по петти пат. Во всушност подготвителните натпревари пред почетокот на европските национални првенства, уште учествуваат уште и англиските екипи Манчестер Јунајтед, Арсенал и шампионот Челзи, шпанските Реал и Барселона, италијанските Јувентус, Рома, Милан и Интер, германските Барни Минхен и Борусија Дортмунд, францускиот Лион и Пари Сен Жермен.

Натпреварите се играат во САД, Кина и Сингапур. Екипите се натпреваруваат за симболичен пласман на табелата. Доколку мечот заврши во регуларниот тек нерешено, победникот се решава со изведување пенали, по што поуспешниот тим добива два поена, а поразениот еден.