Манчестерскиот бомбаш разговарал со родителите неколку минути пред експлозијата

Салман Абеди

Осомничениот за терористичкиот напад во понеделникот ноќта во Манчестер, 22-годишниот Салман Абеди, британски државјанин со либиско потекло, кусо време пред да се крене во воздух убивајќи уште 22 луѓе, телфонски зборувал со родителите, пренесува во четвртокот телевизијата ITV.

Според сознанијата на телевизијата, родителите на Абеди им кажале на либиските иследници дека зборувале со својот син 15 до 20 минути пред експлозијата. Содржината на разговорот, не е обелоденета.

Претходно весникот Times објави дека родителите на Абеди го однеле во Либија и му го одземале пасошот, бидејќи сметале дека во Велика Британија нивниот син започнал да се радикализира. Според весникот, пред неколку години радикалните ставови на Салман почнале да се интензивираат, па неговиот татко Рамадан Абеди решил да го пресели семејството во Либија. Минатата седмица, пишува Times, Салман ги убедил родителите да му го вратат пасошот, велејќи дека сака да оди на аџилак во Мека.

Претходно во средата беше објавено дека Рамадан Абеди бил уапсен во либиската престолнина Триполи. Според медиумите, во 1990-те години тој бил член на милитантата организација Либиска исламска вооружена група (LIFG), којашто во Велика Британија до 2008 година е водена како терористичка организација. По расформирањето на организацијта Рамадан Абеди му се приклучил на движењето на џихадистите салфисти, според истите извори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.