Манчевски: СДСМ не е против гласањето на дијаспората

Продолжува оркестрираното ширење на лаги и измислици од страна на Никола Груевски и медиумите под негова контрола. Очигледно дека тој не разбира дека медиумите треба да се ослободат од уредништвото од неговиот кабинет. Брзо ќе разбере, истакна на денешната конференција за медиуми, Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ.

Тој посочи дека СДСМ не е против гласањето дијаспората, а дека тоа право, наводно било загрозено само од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние се залагаме за суштинско поврзување на нашите иселеници со матичната држава и затоа веднаш по смената на власта, ќе формираме Министерство за дијаспора.

На самите преговори, на преговарачката маса беа неколку предлози и механизми коишто целосно се во согласност со препораката на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на бројот на гласови потребни за избор на пратеник во Македонија и во странство. За нас сите се прифатливи, за ВМРО ДПМНЕ ниту еден. Дополнително сите предлози коишто ги даваа во однос на решавање на овој проблем беа целосно спротивно на препораката на ОБСЕ и ОДИХР и спротисвно на она што самиот Никола Груевски го потпишал на 15-ти јули. Очигледно е дека Никола Груевски е единствениот политичар на таа преговарачка маса којшто не е подготвен на 24-ти април да се соочи со граѓаните на фер и демократски, изјави Манчевски.