Манчестер Јунајтед ќе се засили со Хумелс и Блинд

Откако ја слушна најубавата можан вест, дека располага со неограничен буџет и дека може да ангажира колку што сака фудбалери за време на летниот преоден рок, новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, за стартуваше и потерата по централниот дефанзивец на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Матс Хумелс.

Најпознатите фудбалски медиуми во Англија ја пласираа информацијата дека двата клуба се веќе седнати на преговарачката маса и дека обештетувањето за репрезентативецот на Германија нема да биде помало од 16 мил. фунти.
Многу побогата понуда за централниот дефанзивец испрати каталонскиот гигант Барселона, но Хумелс пред неколку дена ги информирал раководните лица дека е заинтересиран само за преселба на “Олд Трафорд”.
Црвениот дел од Манчестер најверојатно ќе биде следна дестинација и на репрезентативецот на Холандија од редовите на Ајакс, Далеи Блинд.
Офанзивниот лев бек ќе добие дозвола за промена на клупската средина доколку понудата на “црвените ѓаволи” не биде помала од 21.5 мил. евра.