Спорт

Манчестер Сити бара купец за Хави Гарсија

Манчестер Сити бара купец за Хави Гарсија

Близок извор до таборот на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити потврди дека шпанскиот интернационалец, Хави Гарсија ќе си замине од „Итихат” на крајот од актуелната сезона.

Повремениот репрезентативец на Шпанија веќе на неколку пати изјави дека е незадоволен од минутажата која ја има откако во менаџерското столче седна искусниот чилеански стручњак и дека сака да игра за клуб кој ќе има статус на стандарден првотиец.

Поранешниот фудбалер на Бенфика ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе го исплати побараното обештетување од 15 мил. фунти, а до сега најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Порто, Борусија од Дортмунд, Монако и на Атлетико (М).