Манчестер Сити држи чекор со лидерот Арсенал

Големите фаворити за шампионската титула, тимовите на Манчестер Сити и Арсенал, без многу мака ја оправдаа фаворитската улога во првенствените натпревари од 22-то коло во англиската Премиер лига.

Лидерот на табелата, тимот на Арсенал одигра одлично во вторите 45 минути и благодарение на двата погодока кои беа дело на шпанскиот интернационалец, Санти Казорла, забележа сигурен триумф во градската пресметка против екипата на Фулам.

Уште поубедлива победа, од 4:2, но во дуелот со новајлијата во елитното друштво, тимот на Кардиф, забележаа фудбалерите на Манчестер Сити кои повторно се искачија на втората позиција на табелата и повторно имаат само еден бод помалку од тимот на Арсенал.

Резултати: Сандерленд – Саутемптон 2:2, Вест Хем – Њукасл 1:3, Арсенал – Фулам 2:0, Кристал Палас – Стоук 1:0, Манчестер С. – Кардиф 4:2, Норвич – Хул 1:0, Ливерпул – Астон Вила 2:2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.