Манчестер Сити ќе изброи 250 мил. евра за Лионел Меси

Сопствениците на Манчестер Сити, интернационалната групација “Абу Даби” ќе се обиде за време на летниот преоден рок да го реализира најскапиот трансфер во фудбалската историја.

Фудбалските медиуми на Островот се убедени дека челниците на Манчестер Сити ќе испратат официјална понуда за најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси и истата нема да биде помала од 250 мил евра.

Новиот претседател на актуелниот шампион на Шпанија, Жозеп Мариа Бартомеу пред неколку недели изјави дека во договорот на Меси има и ослободителна клаузула која ќе биде активирана само доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда за аргентинскиот интернационалец не помала од 250 мил. евра.