Манчестер Сити ќе изброи 35 милиони фунти за Баркли

Името на стандардниот првотимец во дресот на Евертон, Рос Баркли е последното кое може да се прочита во списокот со фудбалери кои менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, сака да ги има на располагање на стартот од новата сезона во англиската Премиер лига.

Репрезентативецот на Англија веќе подолг временски период важи за голема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, но мала е вројатноста дека челниците на актуелниот шампион на Англија ќе одвојат околу 40 мил. фунти колку што бараат раководните лица на Евертон за обешетувањето на малдиот играч за врска.

За разлика од далеку потрофејниот сосед, интернационалната групација “Абу Даби”, која е сопственик на Манчестер Сити е подготвена да седне на преговарачката маса, а најевниот трансфер би се реализирал и доколку понудата на “граѓаните” не биде помала од 35 мил. фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.