Манчестер Сити мора да одвои 30 милиони евра за Морено

Сопствениците на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на моментално најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Севилја, Алберто Морено.

Интернационалната групација „Абу Даби” во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за 21-годишниот лев бек вредна околу 15 мил. евра, што е за половина помала од таа што ја очекуваат челниците на Севилја.

Голем интерес за младинскиот репрезентативец на Шпанија покажа и градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, но раководните лица на “црвените ѓаволи” веднаш се откажаа од намерата да испратат понуда за Морено откако претседателот на Севилја ги информирал дека левиот бек вреди најмалку 30 милиони евра.