Манчестер Сити најпосле го освои англискиот врв

Минимална, но злато вредна победа на незгодното гостување во Норвич, забележа актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 57 минута беше дело на брзоногиот напаѓач, Дани Велбек кој влезе во игра на стартот од второто полувреме.

Идентичен триумф, но во дуелот со новајлијата во елитното друштво, тимот на Кристал Палас, забележа екипата на Манчестер Сити, а единствениот погодок на натпреварот, беше дело на босанскиот интернационалец, Един Џеко.

Најбогатиот клуб на Островот најпосле се искачи на лидерската позиција во англиската Премиер лига.
Резултати: Манчестер сити – Кристал Палас 2-0, Норвич – Манчестер јунајтед 0-1, Хал сити – Фулам 5-0, Астон Вила – Свонси 1-1, Вест хем – ВБА 3-3, Кардиф – Сандерленд 2:2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.