Спорт

Манчестер Сити нуди 50 милиони евра за Фернандо и Мангала

Манчестер Сити нуди 50 милиони евра за Фернандо и Мангала

Фудбалските медиуми на Островот повторно ја форсираат приказната дека раководните лица на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на стандардните првотимци во дресот на актуелниот шампион на Португалија, Порто, Фернандо Франциско Регес и Елиакуим Мангала.

Иако, пред неколку дена Фернандо потпиша нов договор со важност до 2017 година, челниците на Манчестер Сити се убедени дека 26-годишниот играч за врска може да се пресели на “Итихат” доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 15 мил. евра.

Многу повеќе, или околу 35 мил. евра, интернационалната групација “Абу Даби” е подготвена да одвои за услугите на 23-годишниот дефанзивец, Елиакуим Мангала, но челниците на Порто веќе потврдија дека францускиот интернационалец може да добие зелено светло за промена на клупската средина доколку заинтересиранот клуб испрати понуда не помала од 38 милиони фунти.