Манчестер Сити потпиша со Мангала

Англискиот првак Манчестер Сити објави дека дефанзивецот Елиаквим Мангала е нов член на тимот.

Мангала доаѓа од Порто, а „граѓаните“ за него платија 40 милиони евра и тој потпиша петгодишен договор.

„Сити е најдобриот клуб во Европа. За мене ова е чекор напред во мојата кариера, затоа го напуштив Порто и се преселив во Манчестер Сити. Сакам да освојувам титули и затоа сум дојден тука. За мене Премиер лигата е најдобро првенство во светот.
Претходно играв заедно со Фернандо во Порто, а ги познавам и Бакари Сања, Гаел Клиши и Самир Насри“, изјави Мангала за клупската интернет страница.

Дваесет и тригодишниот дефанзивец се очекува да му биде партнер во одбраната на Компани, а тој е шесто засилување за Сити во летниот преоден рок по Сања, Фернандо, Кабаљеро, Лампард и Зукулини.