Манчестер Сити влегува во серија, совладан и Сандерленд

Кризата која одреден период го зафати тимот на Манчестер Сити очигледно дека веќе е минато, откако “граѓаните” забележаа нова победа во Премиер лигата.

Сити славеше на гостувањето кај Сандерленд со 1:4, а стрелци на погодоците беа Агуеро (2), Јоветиќ и Забалета. Единствениот погодок за домаќините беше дело на Конор Викхам.

Со оваа победа тимот на Пелегрини ја продолжи потерата по првопласираниот Челзи, зад кој заостанува шест бода.

Резултати од Премиер лига , среда:

Арсенал – Саутемптон 1:0

Челзи – Тотенхем 3:0

Евертон – Хул 1:1

Сандерленд – Манчестер Сити 1:4