Манчевски: Нема ништо со фирмата за која ме обвинува ВМРО ДПМНЕ

Јас повеќе со таа фирма немам ништо. Токму во моментот кога бев избран за потпретседател на СДСМ, самоиницијативно целосно се повлеков од таа фирма. Знам дека тоа е несфатливо за власта, но ете јас тоа го направив, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој денеска беше обвинет од ВМРО ДПМНЕ дека негова фирма добила тендер од јавното претпријатие „Куманово паркинг“.

„Прво, одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот беше обжалена кај Државната комисија за жалби по јавни набавки при Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која го потврди изборот за најповолен понудувач. Доколку имало било што спорно, Државната комисија  по жалби за јавни набавки сигурно баш мене немала да ми прогледа низ прсти… Јас во времето кога е потпишан договорот воопшто не бев политички јавно експонирана личност. И тогаш, а и денес не живеам од политиката, туку сум вработен во приватна фирма“, вели Манчевски.