Политика

Манчевски: СГС добила бизниси од неколку милиони евра од државни институции

Манчевски: СГС добила бизниси од неколку милиони евра од државни институции

Агенцијата за обезбедување СГС добивала за само година и половина од формирањето добила 28 договори со државни институции вредни неколку милиони евра, тврди Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Манчевски вели дека овие податоци се сомнителни бидејќи од 28-те добиени тендери во 20 СГС била единствен учесник.

„Дали е точно дека зад оваа фирма стои братучедот на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков? И дали тоа е причината што министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, каде што раководат кадри на ВМРО ДПМНЕ, токму во овој период, имале потреба токму од оваа фирма?“, вели Манчевски.

Тој, меѓу другото, наведе дека СГС склучила договор со Град Скопје вреден 420 илјади евра, со Јавното претпријатие за државни патишта склучиле договор од 430 илјади евра и со уште неколку други државн институции.