Политика

Манчевски: Тодоров да го објави договорот за мазут со ОКТА

Манчевски: Тодоров да го објави договорот за мазут со ОКТА

Министерот за здравство, Никола Тодоров да го објави договорот склучет со рафинеријата ОКТА за испорака на мазут за потребите на Клинички центар, побара денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Никола Тодоров се правдаше дека не го знаел и милионскиот договор со фирмата на омилената уредничка на власта Талевска, па кога се разоткрија сите малверзации, тој беше принуден да најави раскинување. Затоа СДСМ инсистира министерот за здравство да го покаже договорот со ОКТА, што на оваа компанија блиска до раководството на ВМРО-ДПМНЕ и носи приход од 2 милиона и 600 илјади евра“, вели Манчевски.