Манчевски: ВМРО ДПМНЕ го крши изборниот законик

Објавувањето на Отчетот на Ѓорѓе Иванов, Отчетот за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и секојдневните настапи на министрите во медиумите претставува прекршување на изборниот законик, обвинува Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Кампањата за претседателските избори почнува на 24 март и на 5 април за предвремените парламентарни избори. Што значи дека сите овие активности претставуваат предвремено започнување на кампања. Власта и провладините медиуми ги кршат член 69-а и 75-б од Изборниот законик. Член 69-а јасно дефинира и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани, видео презентации, дистрибирање на печатен материјал, изборно медиумско претставување. Член 75-б, пак, дефинира дека известувањето за редовните активности на државните органи и институции, органите на општините, во медиумите, во перидот на распишување на изборите, не смее да биде во фуинкција на медиумско претставување на ниту еден политички субјект“, посочи Манчевски.

СДСМ поднесе претставки до Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги со барање за покренување на соодветни постапки и казнување на прекршителите на законот. Пртијата бара ДИК и Агенцијата да постапат по претставките, но да делуваат и по службена должност.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.