Магазин

Манчиќ: Најубави спомени ми буди сексот на скали

Манчиќ: Најубави спомени ми буди сексот на скали

Српската водителка Сузана Манчиќ одлучила да ги открие своите најинтимни тајни. Таа открила дека пробала секс во сено, море, на хауба и на нива, но најубави спомени и буди сексот на скали.

– Имав добар секс на скали. На сите тоа им го препорачувам бидејќи ми беше многу возбудливо и страсно. Ништо не ми пречеше, ништо не ме „боцкаше“, толку беше убаво сето тоа, искрено рекла Сузана.

Иако, како што вели, повеќе не може ниту да се сети каде се имала секс, додава дека се разочарала од сексот во вода.

– Мислев дека сексот во море ќе биде добар. Но беше потполно без врска. Воопшто не е она што го очекував. Немав на што да се потпрам, се давев, ништо не е како во филмовите, вели Сузана.

Поранешната „лото“ девојка истакнува дека најдобар секс имала помеѓу 40-тата и 50-тата година и смета дека жените тогаш се сексуалнао најмоќни бидејќи тогаш го завршиле оној задолжителен дел кој го прават децата и кариерата, а се свесни дека младоста заминува.

– Можеби за денешните поими сум премногу традиционална. Денес луѓето се заситени од нормалните емоции, еротиката и сексот. Потребно им е тоа да го прават во тројка, четворка, на покрив… А кога некого сакате, креветот е закон, додава водителката.