Спорт

Манчини: Само трпение со Балотели

Манчини: Само трпение со Балотели

Предводникот на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, Роберто Манчини, уште еднаш јавно ги посоветува раководните лица на Милан дека мораат да имаат трпение со контроверзниот напаѓач, Марио Балотели.

„Се уште не сум разговарал со Марио. Не сум разговарал уште од времето кога двајцата бевме дел од Манчестер Сити. Најчесто, кога ќе ја прекинам соработката со еден фудбалер, на кого повеќе не сум му тренер, не контактирам со истиот. Челниците на Милан знаат дека е потребно трпение кога е во прашање Марио Балотели. И Марио има потреба од време. Прашање е на време кога ќе експлодира неговиот талент”, изјави трофејниот италијански стручњак.