Манчини: Дајте ми ги Јоветиќ, Перишиќ или Салах

Манчини во потера по напаѓачи

„Нероазурите“ имаат недостиг на офанзивни играчи, бидејќи во составот се само Родриго Паласио и Мауро Икарди. Токму затоа Манчини посакува Стефан Јоветиќ, Иван Перишиќ или Мохамед Салах.

during the DFB Cup Semi Final match between Arminia Bielefeld and VfL Wolfsburg at Schueco Arena on April 29, 2015 in Bielefeld, Germany.
Перишиќ е трансфер цел на Манчини

„Очајно ни треба офанзивец бидејќи во моментов имаме само двајца напаѓачи. Перишиќ е фудбалер на Волфсбург и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи со него до крајот на трансфер периодот. Како и да е, тој е многу квалитетен и може да игра на повеќе позиции во нападот, што го прави интересен за нас.

jovetik
Дали Јоветиќ ќе биде решението за проблемите во нападот на Интер ?

Што се однесува до Јоветиќ, јас веќе пробав да „го потпишам“ во мојата последна сезона во Манчестер Сити, но тој пристигна откако си отидов. Со оглед на неговата сестраност во нападот, тој е корисен за било кој тим, вклучително и нашиот.

Третиот за кој сме заинтересирани е Салах, брз и пробивен фудбалер кој може да игра и на крилните позиции, но и како втор напаѓач. Како и да е, Јоветиќ припаѓа на Манчестер Сити, а Салах е некаде помеѓу Фиорентина и Челзи, така да останува неизвесно дали и кој ќе пристигне на „Џузепе Меаца“, заврши Манчини.

Интер веќе успеа да реализира два големи трансфери, откако тимот од Милано потпиша со фудбалерот на Монако, Џофри Кондогбија и бразилскиот дефанзивец од Атлетико Мадрид, Миранда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.