вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Мандатот на градоначалниците завршува на крајот од годинава, не сега

Според соопштението од инспекторатот се наведува дека мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од законот за Локална самоуправа каде стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31.12.2017.

mkd-321610

Последни вести

Државниот инспекторат за локалната самоуправа, кој всушност е надлежен да ја  контролира работата на општините, смета дека деновиве во јавноста се изнесуваат манупулативни и невистините  толкувања околу мандатите на градоначалниците. Оттаму посочуваат дека не биле ниту консултирани, нуту повикани на јавните дебати организирани од ЗЕЛС, а заклучоците што во јавност деновиве ги објавијаа неколку градоначалници се без законска основа.

Директорот на инспекторатот, Ванчо Шештански, вели дека мандатот на градоначалниците не е истечен, како што се говори деновиве во медиумите, туку тој истекува на 31.12.2017. и тие нема да имаат никаков проблем да потпишуваат документи за плати и тековни работи. Во тој  поглед општините нема да имаат никаов функционален проблем.
Нема да може да се спроведуваат одлуки на Советот, да се објавуваат тендери и се’ друго за што е потребна првична согласност од Советот, бидејќи  мандатот на советниците е истечен на 24 март 2017.
Тоа значи дека градоначалниците можат законски да доаѓаат на работа до истекот на тековната година, додека советниците, пак, чиј манда е истечен, се распуштаат.

Согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа, мандатот на советниците е четири години и со оглед на тоа што последните локални избори се одржаа на 24 март 2013, нивниот мандат истече на 24 март 2017 и сите одлуки кои советниците ги донеле по овој датум од страна на инспекторатот се поништени и ставени се вон сила.

Според соопштението од инспекторатот се наведува дека мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од законот за Локална самоуправа каде стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31.12.2017. Па со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат, се вели во соопштението од инспекторатот за локална самоуправа.

инспекторат

Најчитани вести