понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Мандолинскиот оркестар на МКЦ со концерт ќе ја одбележи 35-тата годишнина

Мандолинскиот оркестар на МКЦ е основан во 1981 година од академскиот музичар Рамадан Шукри. Низ годините диригент беше и Сашо Татарчевски, а на една од турнеите во Португалија како гостин-диригент и Вања Николовски Ѓумар.

mandonlinski orkestar mkc

Поврзани вести

Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар (МКЦ) во четвртокот вечерта ќе одржи концерт по повод 35 години од постоењето, а влезот за посетители е слободен.

Членовите на оркестарот од сите генерации, под диригентство на Ванчо Јовчев, ќе изведат дела од Бах, Огински, Брамс, Пучини, Марчело, Вагнер, Хрисиќ, Трајковски, Бранѓолица…, како и „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.

Солисти на концертот ќе бидат Здравко Ангелов – кларинет, Гонце Богоромова – сопран, Јане Дунимаглоски – тенор и Ана Димовска – обоа.

Мандолинскиот оркестар на МКЦ е основан во 1981 година од академскиот музичар Рамадан Шукри. Низ годините диригент беше и Сашо Татарчевски, а на една од турнеите во Португалија како гостин-диригент и Вања Николовски Ѓумар.

Ансамблот има освоено бројни државни и меѓународни награди и признанија. Има настапувано пред домашната публика и на сцени во Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Чешка, Австрија, Данска, Шкотска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Грција, Бугарија,… Оркестарот опстојува со поддршка од Министерството за култура и Град Скопје.

Најчитани вести