Манџукиќ заработи повреда, следува пауза од три седмици

Манџукиќ заработи повреда на дуелот против Џенова, следи пауза од три седмици

Според лекарскиот тим на Јувентус, репрезентативецот на Хрватска ќе мирува најмалку 20-тина дена, што значи дека сигурно ќе ги пропушти следните натпревари против Фросиноне (среда) и Наполи (недела).

Исто така, во паника е и репрезентацијата на Хрватска, која на 10-ти октомври игра важен квалификациски меч против Бугарија. Манџукиќ сѐ уште нема постигнато гол во Серија А, а во Лигата на шампионите погоди на средбата против Манчестер сити (1:2).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.