Манџукиќ го частеше со пиво цел Славонски Брод

Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ платил речиси 4.000 евра на неговиот роден град Славонски Брод, кои биле потрошени за пиво за сограѓаните кои го следеле четвртфиналето на Мундијалот меѓу Русија и Хрватска. Хрватите триумфираа по подобро изведување на пеналите со 4:3 (2:2) додека Манџукиќ ги помина сите 120 минути на теренот.

Граѓаните на Славонски Брод кои натпреварот од Сочи го следеа од познатата тврдина во градот се почестија со пивото од Манџукиќ. Не треба да се каже дека неговите сограѓани беа воодушевени од овој гест, како и од големиот успех на Хрватска.

Напаѓачот на „Јувентус“ и претходно бил со „широки раце“ па минатата година во Далмација донираше 20.000 евра за противпожарната служба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.