Спорт

Манџукиќ и неговата тетоважа напишана “укапоан”

Манџукиќ и неговата тетоважа напишана “укапоан”

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ беше во центарот на вниманието за време на вчерашниот меч против Реал Мадрид во ЛШ. Тој имаше навистина жестоки дуели со Дани Карвахал, а исто така, во еден момент камерите ја „уловија“ неговата нова тетоважа на грбот која е на хебрејски јазик.

Израелски новинар ја анализира неговата тетоважа и заклучи дека е напишана погрешно.

“Прво, таа е напишана наопаку, односно од лево на десно и измешан е целиот редослед на зборовите. Во слободен превод тетоважата на Манџукиќ значи “Она што нема да те убие, те прави многу посилен”, но на начинот како што е напишана таа звучи вака – “Нелисоп угонм иварп ет, еибу ет ад амен отш ано”.