Манџукиќ на пат кон Јувентус

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ се наоѓа пред потпис на договор со италијанскиот првак Јувентус.

Само една сезона по неговото доаѓање во редовите на Атлетико Мадрид од Баерн Минхен, тој повторно се сели, и тоа во трета држава, Италија. Раководството на “старата дама” реагираше експресно откако Карлос Тевез најави заминување и реши да го купи Манџукиќ. Според италијанските медиуми, трансферот ќе изнесува 18 милиони евра, плус дополнителни бонуси за Атлетико Мадрид врзани за евентуалните трофеи што Хрватот би ги освоил со Јувентус.

Спортскиот директор на Јуве, Џузепе Марота, синоќа престојуваше во Мадрид каде требаше да се договорат сите детали, а се очекува во текот на денешниот ден трансферот и официјално да биде потврден.

Марио Манџукиќ ќе потпише четиригодишен договор и ќе заработува 4 милиони евра по сезона во новиот клуб.