Манџукиќ на пат за Манчестер – Јунајтед фаворит за неговиот потпис

Хрватскиот центарфор на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ е голема желба на Луј Ван Гал за засилување во Манчестер јунајтед, најави англискиот таблоид “Сан”, кој потенцира дека “црвените ѓаволи” се блиску до реализација на трансферот.

Како што потенцира таблоидот, Ван Гал во Манџукиќ гледа одлично решение за нападот во двоец со Вејн Руни, па ќе се обиде по секоја цена да го убеди раководството на Атлетико за да го купи хрватскиот напаѓач. Ван Гал добро ги знае квалитетите на Манџукиќ, затоа што Хрватот имаше одлични настапи за Баерн Минхен, како и сега за Атлетико.

Холандскиот менаџер во Хрватот гледа далеку подобро решение од тоа што го имаше во својата прва сезона, со Робин Ван Перси, кој многу често беше повреден, со Радамел Фалкао, како и со Хавиер Ернандез, кои воопшто не ги задоволиле вкусовите.

Наводно, тврди “Сан”, Манџукиќ ќе го изгуби статусот на прв напаѓач на “Висенте Калдерон” по доаѓањето на Лучијано Вието, а патем и Ван Гал има проблем по заминувањето на Фалкао, за да го убеди неговиот сонародник Карлос Бака за да дојде од Севилја. Затоа и Манџукиќ сега е прва опција за засилување.