Манџукиќ си замина од Баерн (М) поради Пеп Гвардиола

Репрезентативецот на Хрватска, Марио Манџукиќ и официјално потврди дека во новата клупска сезона нема да го носи дресот на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).

„Се е фантастично во Баерн (М). Фантастичен клуб, фантастична средина, прекрасни соиграчи. До пред неколку недели, јас бев убеден дека ќе останам на “Алианс Арена”, но сега не е така. Да бидеме максимално искрено, мене не ми одговара стилот на игра кој го форсира Пеп Гвардиола. Не можам да го дадам максимумот во ваквиот стил на игра, тоа се виде и на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони. Не се чуствувам убаво, не сум среќен и најдобра опција за сите е да ја прекинеме соработката. Сакам јавно да им се заблагодарам на клупските челници кои ми понудија нов договор. Сакам јавно да му се заблагодарам на Пеп Гвардиола кој е фантастичен тренер. Им посакувам се најдобро на моите тимски колеги, на најверните фанови. Ова е дефинитивно најубавата приказна во мојата кариера, но време е за нов предизвик”, изјави напаѓачот.