Манџукиќ веќе ги спакувал коферите

Близок извор до таборот на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, откри дека хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ, пред неколку дена го испразнил своето сандаче во соблекувалната и го информирал извршниот директор, Карл-Хаинц Румениге, дека сака да биде продаден за време на летниот преоден рок.

Таквото барање на Манџукиќ, експресно било прифатено од главниот оперативец на баварскиот гигант кој веќе ја започнал потрагата по клубот кој е подготвен да одвои околу 30 милиони евра за обештетувањето на репрезентативецот на Хрватска.

Голем интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Динамо Загреб и Волфсбург, веќе демострираа челниците на Манчестер Јунајтед, Челзи, Јувентус и Реал Мадрид.