Манџукиќ во Јувентус само на плеј-стејшн

Иван Цвјетковиќ, агентот на хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Марио Манџукиќ, само како новинарска шпекулација ја дефинираше последната информација пласирана од италијанските медиуми дека Јувентус ќе биде новиот клуб на 27-годишниот напаѓач.
“Јувентус? Манџукиќ е целсоно фокусиран на Баерн (М). Мојот клиент има договор со Баерн (М) до 2016 година и одлично се чуствува на “Алианс Арена”. Знам колку е ценет од Пеп Гвардиола, а тоа го демонстрираше и во есенскиот дел од актуелната сезона. Манџукиќ сака да остане во редовите на Баерн (М) и сака да ја одбрани шампионската титула во Лигата на шампиони”, изјави Иван Цвјетковиќ.
Репрезентативецот на Хрватска постигна 10 погодоци на одиграните 16 натпревари од новата сезона во германската Бундес лига.