сабота, 18 февруари 2017  |  Вести денес: 11

Мане го реши дербито на Ливерпул

Ливерпул го победи Евертон со 1:0 во едно од најголемите градски дерби натпревари, одигран синоќа на „Гудисон Парк“ во рамките на 17.коло од Англиското фудбалско првенство.

мане

Поврзани вести

Стрелец на победничкиот гол за „Црвените од Енфилд“ беше сенегалскиот интернационалец Садио Мане во четвртата минута од судиското надополнување.

По овој триумф Ливерпул се искачи на втората позиција на табелата (37 бодови) со шест бода заостанување зад лидерот Челзи кој има 43 бода.

Евертон остана во средината на табелата со 23 бода.

Поради Божик во Англија нема да се игра фудбал претстојниот викенд, туку по традиција премиерлигашите нова рунда ќе почнат на 26 декември која ќе трае до 28 декември.

Најчитани вести