Македонија

Мане Јаковлевски: Димитров, Лазаревиќ и Димсовски се лешпери кои немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ

Мане Јаковлевски: Димитров, Лазаревиќ и Димсовски се лешпери кои немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ

Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Никола Димитров, за кого вели дека никогаш немал лична врска со партијата, ниту пак бил член, се шлепал и само користел и молзел од ВМРО-ДПМНЕ, но никогаш не бил ВМРО-ДПМНЕ.

Јаковлевски вели дека вчера првпат слушнал за тоа дека Владимир Лазаревиќ и Перо Димсовски биле од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас сум еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и слободно можам да кажам дека Киро Глигоров беше поголем вмровец од овие двајца. Тоа се сигурно од тие кариеристи кои по пат на вовлекување и фина фасада добија по некоја функција на почетокот, но кога се виде колку всушност тежат т.е. дека едниот наместо здравството, граѓаните и државата го интересираа фармацевтските компании, а вториот беше предмет на зафрканции во кулоарите заради неговата изгубеност во времето не знаејќи каде се наоѓа и за кого работи, и двајцата го фатија патот. Сега сакаат да се ѕвезди, правејќи се вмровци. Замислете. Некој Димсовски и некој Лазаревиќ вмровци биле и сега ќе го бранеле ВМРО-ДПМНЕ. Еве прашајте било кој од старите членови од основачите на партијата, ако некој ги познава јас ќе се зачленам во СДСМ. Какви вмровци, какви бакрачим напиша Јаковлевски.

Јаковлевски вели дека Никола Димитров од ВМРО-ДПМНЕ има само носталгијата на Димитар и Ратка за Софија, тој никогаш немал лична врска со партијата, ниту пак бил член, се шлепал и само користел и молзел од ВМРО-ДПМНЕ, но никогаш не бил ВМРО-ДПМНЕ.

– Бранко му беше и му е сеуште идол, пороци слични, стабилност со Бранко иста, држење до збор во мртва трка се со Бранко кој е пошарлатан и кој побрзо ќе те излаже, е тоа е Никола Димитров. И тој е еден од тие што ја молзеше партијата, а сега лажно се претставува дека бил вмровец. Вака како вчера не сум се насмеал одамна. Можам да замислам како реагирал Љубчо со кого за најголем дел од работите не се согласувам. Сигурно си рекол Лазаревиќ, Димсовски и Димитров, ова мора да е некој виц, фали само уште мали Ѓокица. А да. Уште една работа, се збори низ партија дека кога дошле на функции Лазаревиќ и Димсовски не знаеле како да се приближат до ВМРО-ДПМНЕ идеолошки зашто не им било никогаш блиско, и го прашале Боцевски, тогаш етаблиран вмровец, и овој се насмеал и им рекол стегнете заби и ова ќе помине, пишува Јаковлевски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде посилна после ова.

Ова ни требаше и треба да извлечеме вистински поуки. Овие смешниве Лазаревич и компанија не се ни вредни за коментар ама не можев да оддолеам, многу наши стари ми рекоа да не им молчиме на овие кои никој во ВМРО-ДПМНЕ не ги познава, да си ја браниме партијата да не помислат дека само затоа што се смешни и затоа што цело ВМРО-ДПМНЕ им се смее, дека треба да им се премолчи.  Гледам најзагрижени за ВМРО-ДПМНЕ сега се Милчин, Геро, Кабранов, Борјан, Заев и другите кои ја промовираат оваа лешперска група, лешперска токму како и нејзите промотори. Да не беше смешно, ќе беше трагично.  Поздрав до сите вистински ВМРОВЦИ, со кои сме ја граделе партијата, ќе победиме убеден сум во тоа.

Ве молам, немој да ја бранете ВМРО-ДПМНЕ од ВМРОВЦИ!, завршува во ФБ статусот еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска, пак, со она што го прави Никола Димитров, на социјалните мрежи, пред се’ на „Фејсбук“, почнаа да се појавуваат и хумористични фотографии и коментари. Една од тие е и фотографијата која ви ја пренесуваме, а која корисниците на „Фејсбук“ ја споделуваат интензивно.

vmro-metrosexual

ФОТО: Facebook